Трибина за промоција на брошура „Студенту, ти имаш право да знаеш“

На 11 декември 2014 година со почеток во 10:00 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, во амфитеатар 8, ќе се одржи трибина за промоција на брошурата „Студенту, ти имаш право да знаеш“.

На трибината ќе говорат Ѓорѓи Илиевски, инспектор во Државниот просветен инспекторат; Васка Бојаџи, студентски правобранител при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје; и Кристина Митрова од Младинскиот образовен форум.

Брошурата цели да овозможи повеќе информации за студентите и запознавање со сопствените права, а истата е производ на соработката меѓу Државниот просветен испекторат и Младинскиот образовен форум.За време на трибината присутните говорници ќе ги споделат своите искуства од областа на студентските права, и ќе говорат кои се механизмите за заштита на студентските права. Студентите ќе имаат можност и да разговараат и да се информираат за своите права запишани во Статутот на УКИМ, како и  да се информираат за содржината на правните акти од областа на високото образование.

Поканети се сите студенти, професори, засегнати страни, да присуствуваат на оваа трибина, да се информираат повеќе за правата и механизмите кои им стојат на располагање на студентите.

Издавањето на брошурата и овие активности се поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

Линк до ФБ настан

Сподели