Трибина за реформи во студентското организирање

На 22 март 2010 година, во просториите на Клубот на новинари, се оддржа трибина на која учество земаа претставници од студентски организации од државните и приватните универзитети, со цел да го искажат своето мислење за состојбата во студентското организирање. Покрај моменталните состојби, се дискутираше и за Декларацијата за воведување промени во студентското организирање, документ во кој се изложени принципите на промените за кои студентите и студентските организации-потписници се залагаат.

Декларацијата повикува на воведување на реформи во студентското организирање за да се постигне неполитизиран, независен, стабилен студентски систем, организиран според европските стандарди и практики.

Декларацијата ја потпишаа студентските парламенти од Универзитетот ФОН, American College, New York College и Европски Универзитет, како и Европското здружение на студенти по право во РМ-ЕЛСА РМ, ИАЕСТЕ и Македонски политиколошки форум.

Известувања за трибината беа објавени во следните медиуми А1, Канал 5, МТВ, Време, Макфакс, Форум и Шпиц.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: