На 11 јуни во Тетово се оддржа турнир во Британска парламентарна дебата помеѓу вербал кластерите од Скопје, Тетово и Штип како резултат на обуката за Британска парламентална дебата одржана во трите кластери кои се дел од проектот Младинска независност.
На турнирот учествуваа 16 дебатери поделени во 8 тимови и тоа 3 тимови од Скопје, 3 тимови од Штип и 2 тимови од Тетово.
На турнирот се реализираа 3 рунди на следниве тези:
„Овој дом верува дека средното образование треба да биде задолжително“
„Овој дом би дозволил физичка тортурата на терористи“
„Овој дом би ги легализирал хомосексуалните бракови во земјите од западен Балкан“
Победничкиот тим на турнирот е тимот – Штип 1 составен од Деспина Донева и Кристијан Панев. Најдобар говорник на турнирот беше Кристијан Панев од Штип, втор говорник на турнирот Деспина Донева од Штип и трет говорник на турнирот Ирина Фаличева од Тетово.