Барај
Close this search box.

Младите од Струга, Кичево и Тетово дебатираа на турнир за промоција на дебатата

На 16ти јули (вторник), средношколци од Кичево, Тетово и Струга имаа можност да учествуваат во регионален дебатен турнир во организација на Младински образовен форум, како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Регионалниот турнир, организиран во Карл Попер формат, ја опфати тезата „Екстерното тестирање треба да се укине“. Турнирот, кој беше со натпреварувачки карактер, резултираше со финална дебата во која се пласираа два тима од Тетово. Турнирот беше организиран во просториите на ООУ Санде Штерјоски во Кичево.

Координаторот на овој турнир, Арбен Ристеми изјави:

„Развивање на критичка мисла како и зголемување на капацитетот за расудување кај младите треба да се негува. Затоа е особено важно да се практикува дебатирање. Тезата на која дебатираа средношколците на овој турнир беше актуелна, се со цел младите да имаат можност да си ги искажат своите мислења, ставови и забелешки околу она што во овој момент им е важно, а тоа е екстерното тестирање”.

Со овој настан се најавува почетокот на локалната кампања за промоција на дебата и аргументиран дијалог во Кичево и Струга, а ова е првиот од бројни настани и акции кои ќе се случат во периодот јули-август.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: