TWEET UP: Твитни надвор од виртуелниот свет!

Tweet-up дружба организирана од твитерџиите за твитерџиите, во понеделник (09 јуни) ќе се одржи во дворот на МОФ. Настанот ќе започне во 19 часот, а дружбата ќе продолжи до 22 часот заедно со визуелизации и диџеј кој ќе се погрижи за забавата.

„Дали вистински македонската твитер заедница е „паметна“ и остра само на твитер? Дојдете и кажете си го својот став јавно, бидете подржувачи на активизмот, бидете јасни и гласни за работите коишто ве засегаат. Твитнете надвор од виртуелниот свет“, повикуваат организаторите на настанот.

Паралелно со tweet-up ќе има дебата во студиото на Радио МОФ, а ќе дебатираат четворица говорници на тезата: Социјалните мрежи го убија активизмот.

За да не биде стандардно твитер дружење во дворот ќе биде поставен twitter-wall каде присутните ќе можат да ги гледаат напишаните твитови, а ќе се пренесува и стримот од дебата во студио. На секои 30 минути, ќе се доделува по една дизајнирана маичка за најдобар твит.

Идејата којашто се крие зад овој проект е поврзана со младите, а прашањето што се поставува е дали нивниот глас се слуша и цени во општеството, дали нивните проблеми се занемарени, колку од нивните идеи се отфрлени… но и дали младите се доволно ангажирани и желни да бидат гласни и надвор од екраните.

„Сите се храбри зад тастатура. Што кога 140-те карактери би излегле од витуелниот свет?“, се наведува во поканата за настанот кој е финансиран и подржан од УСАИД, Фондација Отворено Општество и МОФ.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: