На 06.06.2019 година, учениците од средното училиште „Шаип Јусуф“ во Скопје, во соработка со Младински образовен форум, организираа и реализираа акција во која го разубавуваа и уредуваа своето училиште. Концптот и идејата, произлезе од самите ученици кои активно учествуваа на работилницата за професори и ученици, одржана на 21.05.2019, на која посочија дека би сакале да има ваков тип на акција во нивното училиште. На овој начин, тие имаа можност да бидат дел од самото организирање и планирање на концептот на акцијата, но и нејзино реализирање.

     

Акцијата е реализирана во рамки на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето“, поддржан од детската фондација Песталоци, а спроведуван од партнерските организации Коалиција на Младински организации СЕГА, Младински образовен форум и Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: