Позитивни примери за соработка на младите

Ученици промовираа позитивни примери за меѓуетничка соработка на младите

Ученици промовираа позитивни примери за меѓуетничка соработка на младитеДенес, 17 октомври 2018 година, во 11:00 часот, во Младински културен центар, Скопје, Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието организираше јавен настан за промовирање на примери и добри практики за заеднички ученички активности кои се спроведуваат во училиштата низ Македонија во рамки на проектот. Целта на ваквите активности во кои учествуваат млади од различни етнички заедници е да се подобри меѓуетничката соработка и интеграција меѓу нив, како и да се зајакнат нивните граѓански и демократски вредности.

Покрај ученици и наставници, на настанот присуствуваа и претставници од образовните институции, меѓународни организации, невладини организации и други.

Во првата година од имплементација на проектот, беа спроведени повеќе од 400 заеднички ученички активности, младински иницијативи, креативни работилници и јавни дискусии во кои учествуваа повеќе од 2300 ученици од различни етнички заедници.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања. Овој проект се темели на достигнувањата на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој во период од пет години остваруваше тесна соработка со Владата на Македонија и сите основни и средни училишта при што изгради 400 партнерства меѓу училиштата од целата земја, организираше меѓукултурни активности во коишто учествуваа илјадници ученици и реновираше 63 училишта. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието исто така работи во партнерство со сите општини, основни и средни училишта во Македонија со цел на младите луѓе од различно потекло да им овозможи да научат за граѓанските права и одговорности преку реализирање на едноставни иницијативи за подобрување на нивните училишта и заедници. Училиштата коишто покажуваат особена посветеност и активно учество во зајакнувањето на меѓуетничката интеграција и граѓанските вредности ќе бидат наградени со дополнителна поддршка за реновирање на училиштата од Европската команда на САД.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: