Учиме и дебатираме за ЕУ – Проект за младинска едукација за Европска Унија

Период на реализација: 01.04.2011 – 31.12.2011

Донатор(и): Влада на Република Македонија

Краток опис на проектот: Учиме и дебатираме за ЕУ – Проект за младинска едукација за Европска Унија е десетмесечен проект финансиски поддржан од Владата на РМ, администриран и имплементиран од Младински образовен форум.

Проектните активности беа имплементирани во следниве градови: Битола, Штип, Кичево, Велес, Радовиш, Тетово и Скопје.

Активностите на проектот имаа за цел да ги едуцираат средношколците за придобивките од членството во ЕУ, како и да ги запознаат со европското граѓанство и да ги подготват да бидат дел од европското семејство. Проектот имаше за цел да им понуди можности и начини на средношколците, нивните професори и родители, активно и аргументирано да учествуваат во јавните дискусии за евроинтеграцијата на Македонија, да им понуди знаење на младите за да може да се вклучат со изградени и аргументирани ставови во јавната дебата и на тој начин да придонесат за етаблирање на отворено и демократско општество.

Проектните активности вклучуваа: основање на 7 локални младински ЕУ клубови во Скопје, Тетово, Кичево, Велес, Штип, Битола и Радовиш, ЕУ и дебатни работилници, посета на институции – Секретаријат за Европски прашања и Новогодишен дебатен турнир.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: