Учиме право – Клиничка програма

Ucime pravo klinickaПрограмата „Учиме право“ во образовните институции во Република Македонија активно се спроведува од 1998 година, како програма со која се промовираат правната култура и создавањето проактивна младина. Клиничката програма сè повеќе добива на значење како алатка со која студентите по право ги развиваат практичните вештини уште во текот на студирањето. Клиничката програма „Учиме право“, спроведена во периодот од октомври до декември 2008 година, ги опфати темите: Создавање закони и номотехника; Договори; Здруженија на граѓани и фондации; Трговски друштва; Европски суд за човекови права; Уставен суд и Народен правобранител. Преку овие содржини, Програмата имаше за цел да поттикне вклучување применливи знаења во секојдневната настава на студентите, како и развивање критичко размислување и аналитички вештини меѓу студентите преку интерактивна настава, дебатирање за важни правни теми и пишување правни акти.

Издава: Младински образовен форум

Автори: Нада Наумовска, Неда Корyновска, Дарко Јанецски, Кире Миловски, Данче Даниловска

Издадена : 2009

Изданието е поддржано од Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје

Линк за преземање

Сподели