Членовите на почетниот клуб од програмата „Учиме право“ од Тетово, на 18 март ја посетија канцеларијата на Народниот правобранител.
Тие се сретнаа со заменик-народната правобранителка во Тетово, Ирена Стојановска, која им ја објасни функцијата и положбата на институцијата.
Во текот на посетата објаснета беше и постапката за пишување на апликацијата за обраќање до Народниот правобранител.
Дополнително, надлежностите на народното правобранителство беа презентирани преку актуелните случаи на дискриминација, но и државните процеси како изборите и пописот.
Народното правобранителство во Тетово веќе петта година е отворено за посета на членовите на „Учиме право“, па тие имаат директна претстава за институциите во државава.