Барај
Close this search box.

Минатиот викенд, 22 и 23 февруари, 2014 година, во х. Белведере, Охрид, се одржа традиционалниот годишен настан на програмата Учиме право – Учиме право, Учиме за ЕУ.

На овој дводневен настан присуствуваа 100 средношколци од Учиме право клубовите низ Република Македонија (Скопје, Тетово, Кичево, Струга, Битола, Велес, Штип, Делчево, Радовиш).

Концептот на овој настан предвидува предавања за Европската Унија, поконкретно за историскиот контекст во кој настанала Европската Унија и нејзиниот развиток низ годините, заедничките белези и брановите на проширување, институциите на ЕУ и политиките кои тие ги спроведуваат, основачките договори и измените, како и една посебна сесија за досегашниот евроинтеграциски пат на Република Македoнија.

Овој настан финишираше со симулација на работата на Европскиот совет, во кој делегатите на сите држави-членки (шефови на држави и влади) расправаа по прашањето за прием на Република Турција во ЕУ. 19-те гласови „ЗА“ и 9-те гласови „ПРОТИВ“, сепак не беа доволни за влез на Турција во ЕУ затоа што за да се одобри нејзиното влегување во Унијата, потребно е сите држави да гласаат „ЗА“.

Сите сесии беа водени од страна на предавачите по Учиме право, кои се обидоа на еден неформален и интерактивен начин да ги пренесат своите знаења на младите средношколци.
Она што беше новина во овогодинешниот ЕУ викенд е тоа што за првпат присуствуваа и членовите на напредните Учиме право клубови во Скопје и Тетово, меѓутоа тие слушаа предавања со поинаков концепт, конкретно за Организација на настани.

Покрај она што го научија од предавањата, учениците запознаа и свои врсници од цела Македонија, се дружеа и забавуваа и си заминаа среќни и задоволни.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: