Барај
Close this search box.

Учиме право во посета на општина Гевгелија

На 20 март, 2014 година, 20-тина средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, членови на Учиме право клубот, во рамките на редовниот годишен курикулум за оваа учебна година, остварија посета на општина Гевгелија.

Предавањата во Учиме право клубот, меѓу другото, се во насока на доближување на правото до младите преку директно запознавање со функционирањето на институциите, особено на локално ниво.
При оваа посета, средношколците остварија средба со Градоначалникот на општина Гевгелија и беа информирани околу надлежностите на општината и функционирањето и секојдневните обврски на општинската администрација.

На крајот на средбата, учениците споделија и дел од нивните идеи и предлози за вклучување на младите во креирањето на политиките кои директно ги засегаат на локално ниво, а со тоа и генерално подобрување на квалитетот на животот на младите во Гевгелија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: