Учиме право

Прирачникот “Учиме право’’ обработува теми од областа на правото, со цел младите во Република Македонија да
се запознаат со основните демократски вредности врз коишто се темелат современите правни системи. Програмата Учиме право успешно се спроведува како факултативна или клубска настава во голем број средни училишта во Република Македонија. Овој учебник е дизајниран да одговори на потребите на предавачите и слушателите во рамките на програмата Учиме право, и даваат можност за индивидуално насочување на интересот на ученикот кон одредени содржини и информации, без притоа да е неопходно  пошироко познавање на правото.

Прирачникот “Учиме право” се стреми да влијае кон подобрувањето на правната култура и создавањето проактивна младина во Република Македонија.

Издава: Фондација Отворено општество Македoнија

Автори: Дарко Јаневски, Неда Коруновска, Нада Наумовска, Кирил Нејков, Сања Богатиновска, Кире Миловски, Ацо Трцоски, Лилјана Шекеринска

Издадена: 2006

Линк за превземање

Сподели