УСАИД Проект за Меѓуетничка интеграција во образованието

USAID InterПериод на реализација: 2011 – 2015

Донатор(и): УСАИД

Краток опис на проектот: Четиригодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието  ќе работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што ќе произлезат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието ќе работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество.

Главни цели на проектот : Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието го сочинуваат четири комплементарни компоненти:

  • Компонента 1: Информирање на јавноста и заедниците
  • Компонента 2: Градење на капацитетите на училишното раководство и наставниците
  • Компонента 3: Модел училишта
  • Компонента 4: Обезбедување стимул за училиштата и за локалните заедници

Во фокусот на проектните активности ќе бидат учениците, родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори во сите основни и средни училишта во Р. Македонија. Притоа, советниците од Бирото за развој на образованието и просветните инспектори на државно и регионално ниво исто така ќе имаат централна улога во постигнувањето на одржлива промена и ќе учествуваат во активностите за јакнењето на способностите. За успех на Проектот потребно е сите заинтересирани учесници од училиштата, заедниците и локалната власт да учествуваат во овие активности. Нашиот пристап во имплементирањето на Проектот ќе создаде средина во која сите страни активно ќе учестуваат во оваа иницијатива. Тие треба да ја разбираат важноста на меѓуетничката интеграција во образованието и кон овој Проект да се однесуваат одговорно и отчетно сѐ со цел да се постигне успех.

Младински образовен форум е партнерска организација во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција, каде во првата година како дел од своите активности оформи дебатни клубови во 4 училишта во 4 Општини во Македонија.  Во 2013 дебатните клубови ќе се оформат во уште 8 нови училишта во 8 Општини.

Во секој дебатен  клуб се вклучени повеќе од 20 средношколци со различна етничка припадност, националност, религија и пол, кои слушаат неделни предавања, разменуваат мислење, аргументираат и практикуваат тимска работа. Дебатните клубови ги водат дебатни предавачи кои заедно со членовите на клубовите организираат јавни дебати и посетуваат дебатни турнири,придонесуваат за аргументиран дијалог помеѓу младите и за интеграција во општеството.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: