Младински образовен форум објавува повик за учесници на видео работилница за млади за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 29-ти ноември до 1-ви декември 2019 во Битола.
Работилницата ќе опфати содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Работилницата ќе понуди теоретски и практични знаења кои со изработка на видеата учесниците ќе ги употребат во текот на самата работилница. Право на учество имаат сите млади кои живеат во Битола и кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за средината во која живеат.
За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални предизвици и недостатоци на локално ниво и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата е да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници.
Каде?
Работилницата ќе се одржи во просториите на МКЦ- Битола.
Кога?
Од 29-ти ноември до 1-ви декември 2019 година. Работилницата започнува на 29-ти ноември, петок во попладневните часови и завршува на 1-ви декември, недела попладне.
Кој може да аплицира?
Сите млади кои живеат во Битола. Претходно знаење и искуство не е потребно.
Како се аплицира?
Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 27-ми ноември 2019 (среда).
Работилницата е бесплатна, а работен јазик ќе биде македонски. Пријавените треба да присуствуваат на сите три денови од работилница.
Сите заинтересирани за работилниците можат да се обратат на следниот маил или телефон: ivona_kuzmanovska@mof.org.mk, 02/3139 692
Работилниците се дел од проектот „Empowering youth for social engagement through media“ поддржан од National Endowment for Democracy.