Видео работилница за млади во Тетово

Младински образовен форум објавува повик за учесници на видео работилница за млади за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 19-ти до 21-ви април 2019 во Тетово.

Работилницата ќе опфати содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Работилницата ќе понуди теоретски и практични знаења кои со изработка на видеата учесниците ќе ги употребат во текот на самата работилница. Право на учество имаат сите млади кои живеат во Тетово и кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за средината во која живеат.

За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални предизвици и недостатоци на локално ниво и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата е да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници.

Каде?
Работилницата ќе се одржи во просториите на Љоја, Тетово.

Кога?
Од 19-ти до 21-ви април. Работилницата започнува во петок во попладневните часови и завршува во недела попладне.

Кој може да аплицира?
Сите млади од Тетово. Претходно познавање и искуство не е потребно.

Како се аплицира?
Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 18.04.2019 (четврток).

Освежувањето е обезбедено од страна на организаторите. Пријавените треба да присуствуваат на целата работилница. Работен јазик е македонски.

Сите заинтересирани за работилницата во Тетово можат да се обратат на следниот маил или телефон:
fari_hiseni@mof.org.mk, 02/3139 692

Работилниците се дел од проектот „Поддршка на младите преку онлајн медиуми“ поддржан од National Endowment for Democracy.

Сподели

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.