Младински образовен форум објавува повик за учесници на видео работилница за млади за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 10 до 12 мај 2019 во Велес.
Работилницата ќе опфати содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Работилницата ќе понуди теоретски и практични знаења кои со изработка на видеата учесниците ќе ги употребат во текот на самата работилница. Право на учество имаат сите млади кои живеат во Велес и кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за средината во која живеат.
За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални предизвици и недостатоци на локално ниво и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата е да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници.
Каде?
Работилницата ќе се одржи во просториите на Домот на невладините организации, Велес.
Кога?
Од 10 до 12 мај 2019. Работилницата започнува во петок во попладневните часови и завршува во недела попладне.
Кој може да аплицира?
Сите млади од Велес. Претходно познавање и искуство не е потребно.
Како се аплицира?
Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 9.05.2019 (четврток) до 12 часот.
Освежувањето е обезбедено од страна на организаторите. Пријавените треба да присуствуваат на целата работилница. Работен јазик е македонски.
Сите заинтересирани за работилницата во Велес можат да се обратат на следниот маил или телефон:
fari_hiseni@mof.org.mk, 02/3139 692
Работилниците се дел од проектот „Поддршка на младите преку онлајн медиуми“ поддржан од National Endowment for Democracy.