Младински образовен форум објавува повик за учесници на видео работилница за млади за препознавање и решавање на локални проблеми која ќе се одржи од 12 – 14 април 2019 во Скопје.
Работилницата ќе опфати содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. Работилницата ќе понуди теоретски и практични знаења кои со изработка на видеата учесниците ќе ги употребат во текот на самата работилница. Право на учество имаат сите млади кои живеат во Скопје и кои се или сакаат да бидат активни граѓани и да придонесат за средината во која живеат.
За време на тридневната работилница, младите ќе дискутираат за локални предизвици и недостатоци на локално ниво и ќе научат за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата е да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници.
Каде?
Работилницата ќе се одржи во просториите на Јавна Соба, Скопје
Кога?
Од 12 – 14 април 2019 година. Работилницата започнува на 12ти април, петок во попладневните часови и завршува на 14ти април, недела попладне.
Кој може да аплицира?
Сите млади кои живеат од Скопје. Претходно знаење и искуство не е потребно.
Како се аплицира?
Аплицирањето се врши на следниот линк најдоцна до 9 април 2019 (вторник).
Освежувањето е обезбедено од страна на организаторите. Пријавените треба да присуствуваат на сите три денови од работилница. Работен јазик ќе биде македонски.
Сите заинтересирани за работилниците можат да се обратат на следниот маил или телефон:
fari_hiseni@mof.org.mk, 02/3139 692
Работилниците се дел од проектот „Поддршка на младите прекум онлајн медиуми“ поддржан од National Endowment for Democracy.