Видео работилници за млади

Во рамки на проектот „Fostering Youth through Online Media“ поддржан од National Endowment for Democracy, Младински образовен форум и Радио МОФ во текот на ноември и декември 2019 година организираа три Видео работилници за млади во Вевчани, Битола и Крушево.

Работилниците опфатија содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. За време на тридневните работилници, младите дискутираа за предизвиците и недостатоците на локално ниво и научија за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата беше да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници.

Првата видео работилница се организираше во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани и на истата присуствуваа дваесетина ученици од училиштето. Предавачи на оваа работилница беа: Дени Стојанов, Александар Ризински и Кристијан Караџовски.


Втората видео работилница се организираше во просториите на МКЦ Битола. Предавачи на работилницата беа: Александар Ризински, Добромир Алексиќ и Дејан Јованов, а во истата се вклучија дваесетина млади од Битола.

Третата и последна видео работилница се оддржа во просториите на СОУ „Наум Наумовски- Борче“ во Крушево и на истата учество земаа триесетина млади основци и средношколци од Крушево. Предавачи на оваа работилница беа: Анте Гулин, Александар Ризински и Михаел Берберу.

Како финален продукт од трите Видео работилници за млади произлегоа 9 видеа кои ги опфаќаат проблемите на младите во нивните локални средини.

Сподели