[Видео] Сите презентации од Engage 2013



Како што ветивме, еве ги видеата со презентациите на сите говорници на годинешната Конференција за социјални медиуми и активизам „Engage“. Погледнете ги презентациите на: Борис Триван (Покојна Милева), Небојша Гелевски Бане, Гораст Цветковски, Роберто Беличанец, Ирена Цветковиќ, Јован Димитров и Петар Шокаровски, Миша Поповиќ, Вук Вујновиќ, Дарко Соковиќ и Петрит Сарачини. Ја објавивме и панел-дискусијата „Сатирата како одговор на секојдневието наречено пропаганда“, на која учествуваа Влатко Васиљ, Богдан Илиевски (Бетмен Велит) и Сеад Џигал, модерирана од Ана Јовковска. Меѓу видеата е и прогласувањето на победникот на конкурсот за сатирични вести „Кромид Фест“, како и настапот на раперот Да Џака Накот.

Сподели