Јавниот простор е многу често потценет, а всушност низ него го поминуваме својот живот. Еден куп минувачи, секој од нив “заробен” во своите мисли, стравови, соништа… Па така, тргнувајќи од основното човеково право – слобода на изразување и инспирирани од еден од најкреативните светски општествени проекти, одлучивме на сите тие случајни минувачи да им дадеме можност, простор и уредени ѕидови на кои ќе можат слободно да ги споделат своите мисли, желби и аспирации.

Серија инсталации ќе им овозможат на граѓаните во Скопје, Тетово и Струмица анонимно да ги изложуваат своите мислење за локалната заедница, образованието и општеството пред јавноста. Со ова Скопје, Струмица и Тетово се приклучуваат кон многуте светски градови во кои има вакви инсталации, реплики на отворениот проект Before I Die Wall, на младата американска уметница Кенди Ченг.

Се надевааме дека овие ѕидови ќе ги охрабрат сите граѓани да се изразуваат јавно и дека ќе инспирираат и други млади да креираат вакви површини , а со тоа да го разиграат просторот и ставовите во својата средина.

*Проектот се реализира во соработка со Фондацијата НВО Инфоцентар и Младинскиот образовен форум, поддржан од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), во склоп на националната кампања “Слободен си – изрази се”.

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: