Медиа/Арт клубот на Младински образовен форум од Тетово во сабота на 15.12.2018 година, со почеток од 11:00 часот, на три централни локации во Тетово ќе постави знаци со информативни пораки кои се однесуваат на подигнување на свеста за загадувањето на животната средина. Знаците на креативен начин ќе го претстават проблемот со загадувањето, еден од главните проблеми со кои се соочува Тетово како град.
Интервенцијата на јавниот простор ќе биде на парковите: ул. Јане Сандански (до Бургер Хаус), паркот „Ајдучко маало“ и „Жена парк“. Покрај поставувањето на знаците, членовите на клубот ќе организираат еко – акција за расчистување на јавниот простор и ќе се снимаат изјави од случајни минувачи, кои подоцна ќе бидат претставени во кратко видео.
Акцијата ќе започне во 11:00 часот од ул. Јане Сандански (до Бургер Хаус), и сите кои се заинтересирани можат да ни се приклучат.
Целта на оваа акција е да се подигне свеста за зачувување на животната средина и да се намали бројот на граѓани кои секојдневно го загадуваат амбиентот.
„Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.“.