Младински образовен форум го најавува дебатниот Турнир на мешани тимови за 2015 година (МТТ 2015) кој ќе се одржи на 4 и 5 јули со почеток во 11:00 часот (сабота и недела).
МТТ е дебатен турнир што го организираат асистентите од Дебатната програма на Младински образовен форум. Целта на турнирот е преку мешани тимови од предавачи, напредна година и почетна година, дебатерите да стекнат поголеми знаења од областа на одредени теми, вештини за аргументација и да ги унапредат своите знаења. МТТ ќе овозможи платформа на младите каде поискусните дебатери (студентите) ќе го споделат своето знаење со помладите (средношколци) дебатирајќи заедно во тим.
Турнирот ќе има 4 прелиминарни рунди, полуфинале и финале, една главна теза и четири импромту тези. Во полуфиналето и финалето ќе се дебатира на импромту тези.
Клучна област на дискусија на овој турнир ќе биде “Употреба на технологијата за унапредување на политичките процеси”.
Турнирот по дебата е организиран во рамки на Проект на УСАИД за граѓанско општество.
Организатор на турнирот: Александра Филипова
Chief Ajudicators на турнирот: Соња Митиќ Калина Прелиќ Петар Барлаковски
Судии: Асистент-предавачи по Дебата
Линк за регистрација: http://goo.gl/