Во моментов Младински образовен форум како дел од Националниот младински совет на Македонија се приклучува во онлајн кампањата: ЗдружениМлади. Кампањата има за цел зголемување на бројот на млади кои членуваат во младинска организација и поттикнување на младите да основаат младинска организиција.
#ЗдружениМлади цели да ги информира младите што можат да добијат ако се членови на младинска организација, како може индивидуално да ги надгради, но и поттикне колективно чувство на припаѓање кон Млади како социјална група;
Секој млад човек кој сака да се вклучи во кампањата, може да објави на социјалните мрежи фотографија по свој избор од некоја младинска/граѓанска/едукативна активност со свој одговор на некое од прошањата подолу и да ја стави на својот фејсбук/твитер профил со хаштаг #ЗдружениМлади:
- Како приклучување во младинска организација може да те направи посилен млад човек?
- Кои бенефити ти ги носи членувањето во младинска организација?
- Кое е најубавото нешто што ти се случило благодарение на твојата организација?
Оваа кампања сака да помогне да ги охрабриме младите кои не членуваат во ниту една организација да се почувствуваат добредојдени и охрабрени да се придружат во активностите на некоја организација, дојдат и поддржат активности на организации и отпочнат своја граѓанска иницијатива.
Повеќе информации за кампањата можете да најдете на Фејсбук страницата на НМС.