Постојано ти текнуваат нови идеи за стартап? Сакаш да станеш претприемач? Заинтересиран/а си за учење нови вештини? Како од идеја до реализација на твјот бизнис-план?
Драги средношколци, Младински образовен форум отвара повик за нови членови во клубовите за Младински претприемачки вештини.
Младинските клубови за претприемачки вештини нудат развивање на вештини во полето на претприемништвото и ќе обезбедат применување на знаењето преку пракса и развивање на сопствен бизнис-план со помош на ментор.
Средношколците од Штип, Гостивар и Охрид во периодот од февруари до мај ќе се среќаваат еднаш неделно, на платформата за видео комуникација ZOOM за да ги следат предавањата од страна на експертите, а како дел од надоградувањето на знаењата, ќе се остварат и 4 отворени предавања кои ќе бидат одржани од американски експерти во ова поле.
Најуспешните членови ќе имаат можност да посетуваат практична настава во својот град, односно во локален бизнис со цел да го применат знаењето кое било стекнато за време на предавањата во клубовите.
Доколку сакаш да научиш повеќе за лидерство, тимска работа, аналитички вештини, што значи стартап, кои се можностите за маркетинг во денешното општество и се’ останато поврзано со водење на свој бизнис, пријави се со пополнување на овој формулар!
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени се на имплементаторите/авторите и не ги одразуваат оние на Владата на САД.