На 17 јуни 2015 година (среда),во просториите на општинската сала во општина Дебар, се одржа основачкото собрание на Локалниот младински совет (ЛМС) – Дебар. Оваа активност е резултат на повеќемесечните активности на Иницијативниот одбор за основање на младински совет на младите од Дебар, а е дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ на Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.
Собранието на ЛМС Дебар го сочинуваат млади кои се членови на граѓански организации кои работат со млади и за млади, како и политичките подмладоци кои работат во општината. На првото собрание беше усвоен статутот на ЛМС-Дебар и беше одлучено на наредната седница да се изберат органите на ЛМС Дебар и да се формираат работните групи кои ќе функционираат во Советот. На основачкото собрание му претходеше јавен повик на кој се пријавуваа претставници на младите за учество во младинскиот совет.
Мегу останатите, на настанот беа присутни и претставници на советот на општина Дебар и на кабинетот на градоначалникот кои го поздравија овој чин и ветија дека со внимание ќе ја следат работата на ЛМС-Дебар и ке ги земаат во предвид сите препораки и сугестии кои ке доаѓаат од овој орган.
Пред ЛМС-Дебар во наредниов период ке престојат многу предизвици,тој треба за прв пат во општината да изготви младинска стратегија за периодот 2016-2020.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).