Во дилема си? Постави прашање на www.servismladi.mk

Не говориме и прашуваме бидејќи не секогаш го знаеме начинот како да ги заштитиме нашите права!

Доколку имате прашање, дилема или некаков проблем поврзани со вашите слободи и права, дипломирани правници од областа на правото ви стојат на располагање да ви понудат правно решение.

Советодавниот сервис за права на млади нуди информирање и советување на младите во неколку категории и тоа – прашања и проблеми поврзани со средното и високото образование, но и прашања за олеснување на комуникацијата на младите со локалните и националните институции.

Поставете го вашето прашање или дилема на www.servismladi.mk преку копчето „постави прашање“, со внесување на вашето име/псевдоним или пак анонимно.

 

Дополнително, на самата платформа ќе може да најдете прашања и одговори поставени од други млади, да прочитате колумни од граѓански активисти и професори, материјали и содржини од областа на правото, образованието, Европска унија и генерално, младинските интереси.

Советодавниот сервис за права на млади се реализира во склоп на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“ поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.