Дебатниот клуб во Тетово, дел од дебатните клубови на Младински oбразовен форум (МОФ), минатиот викенд во просториите на МОФ центарот во Тетово одржа дебатен турнир за почетници.
Подготовките за турнирот започнаа во месец февруари – кога средношколците активно почнаа да ги подготвуваат своите аргументи. Целиот турнир беше организиран од координаторот на дебатниот клуб, дебатните предавачи и асистенти кои им помагаа на дебатерите да ги подготват нивните случаи.
На турнирот учествуваа 21 дебатер поделени во 7 тимови од по 3 говорници кои дебатираа на тезата „Овој дом верува дека Владата треба да ја забрани слободата на говор во случај на загрозена државна и граѓанска безбедност“
По неколкуте рунди, за најдобри говорници на овој дебатен турнир се избрани:
‐ Марко Видачек, ученик во средното економско училиште „8 Септември“
– Богдан Младеновски, ученик во средното економско училиште „8 Септември“
– Бане Ристевски, ученик во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“
Овој дебатен турнир им послужи на дебатерите‐почетници да ги подобрат своите дебатни вештини и да научат како подобро да се служат со алатките кои им ги нуди дебатата, а воедно и како добра подготовка за Националното дебатно првенство кое во април ќе се одржи во Скопје.