Волонтерска акција „Донирај храна, донирај книга“

Група волонтери во граѓански организации(Младински образовен форум, Излез, Биди зелен, Македонски центар за европско образование, Институт за човекови права и Ромаверзитас), по повод 5ти декември – Меѓународен ден на волонтерството, организира хуманитарна акција со која ќе го одбележи денот, но и ќе го промовира волонтерството во граѓанскиот сектор. Волонтерите се пријавија на повик за волонтерски позиции во 8 граѓански организации од Скопје, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество и како своја дополнителна активност оформија тим кој ќе направи акција со благородна цел.

Акцијата има за цел да обезбеди храна и книги. Храната е наменета за оние на кои им е најпотребна, нашите гладни и сиромашни сограѓани. Сета собрана храна ќе биде донирана во Банката за храна на Македонија, која ќе стапи во контакт со оние семејства на кои им е потребна помош. Освен храна, ќе се собираат и книги за основното училиште „Јосип Броз- Тито“- Валандово.

На 4.12.2013(денес) нашиот штанд ќе биде поставен пред Мајка Тереза на ул. Македонија, од 12 до 14 часот. Акцијата продолжува и на Станица: Студентска! Штандот ќе биде поставен на Саемот за организации. Ги очекуваме вашите донации!

Бидете хумани зашто и најмалата донација е од големо значење!

Линк до ФБ настан

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: