На 03-ти и 04ти август 2015 година (понеделник и вторник), во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, беше реализирана волонтерска акција „Божилак“ која се одржа во УЗ „Коле Лачето“ во Битола. На настанот присуствуваа 30 волонтери и истиот имаше за цел овозможување на подобри и похигиенски услови за повеќе од 300 млади, кои членуваат во клубовите и фолклорното друштво што работат во УЗ „Коле Лачето“, како и вклучување на младите луѓе во активности кои придонесуваат кон заштита на јавните простори и придонес кон локалната заедница.
Настанот се состоеше од санирање на руинираните ѕидови во УЗ „Коле Лачето“, премачкување на ѕидовите, премачкување на внатрешната и надворешната дограма, премачкување на оградата во шарени, впечатливи бои, санирање на оштетениот знак на АФ „Плетенка“ и собирање на сметот што беше исфрлан во дворот на оваа урбана заедница.
Со оваа волонтерска акција се овозможија подобри и похигиенски услови за преку 300 млади луѓе кои ги користат просториите на УЗ „Коле Лачето“, се заштити зелената површина што се наоѓа во дворот и се исчисти сметот што претставуваше опасност за младите и учениците од соседното училиште што секојдневно минуваат низ овој простор.