Волонтерство во граѓански организации – помош за заедницата

volonteri-1

Рокот за аплицирање на повикот за учествство во локална кампања за промоција на волонтерството е продолжен до 09.08.2013(петок)
__________________________________________

Младински образовен форум и Младински културен центар – Битола ги повикуваат сите граѓански организации од Скопје и Битола да учествуваат во локална кампања за промоција на волонтерството која е дел од  Проект на УСАИД за граѓанско општество.

Оваа кампања опфаќа создавање на волонтерски систем преку кој ќе се нагласи важноста од волонтирањето. Кампањата ќе им овозможи на младите полесно да дојдат до волонтерските позиции и да се стекнат со поголемо искуство и вештини. Во рамките на кампањата предвидено е да се вклучат по 10 орган1изации од град кои би вклучиле волонтери во своите активности. На тој начин, организациите ќе можат да ја промовираат својата работа и активностите кои ги преземаат, ќе имаат можност да го зголемат своето членство преку промовирање на волонтеризмот и ќе стекнат знаења за регрутација, менаџирање, задржување и признавање на ангажманот на волонтерите.

Организациите треба да примат најмалку еден волонтер, во периодот од 1 до 3 месеци, започнувајќи од 15 септември. Организаторите на кампањата ќе го олеснат изборот на кандидатите-волонтери според потребите на организациите и квалификациите на волонтерите.

Кампањата ќе опфати и обука за организации, преку која ќе се стекнат знаења за како најоптимално да се искористат потенцијалите од волонтирањето. Обуката би се реализирала во втората половина од август. Секоја организација потребно е да назначи по еден претставник кој ќе учествува на обуката.

Сите заинтересирани граѓански организации од Скопје и Битола кои сакаат да се вклучат во кампањата, можат да го сторат тоа со испраќање на пополнета апликација на  sanja_stefanovik@mof.org.mk. Апликацијата можете да ја преземете тука. Крајниот рок за пријавување е 09.08.2013.

За повеќе информации, контактирајте не на мејл, или на телефонскиот број 02 3139 692 лок. 103.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: