Волонтирај, не импровизирај – одбележување на Меѓународниот ден на волонтерство

Младинскиот културен центар од Битола  заедно со Младински образовен форум по повод  5ти Декември, Меѓународниот ден на волонтирањето одржа еднодневен настан кој беше волонтерска акција за промоција на волонтерската работа, волонтерските програми и презентација на волонтерството како вредност, а не цел. Во оваа акција беа вклучени 15 волонтери кои потсетија за вистинските вредности на волонтерската работа и  ги претставија волонтерските програми во четири средни училишта во Битола. Настанот се одржа во Младински културен центар во Битола и истиот вклучи:

Отворена дебата „Волонтерството – капитал кој вреди“.
Оваа дебата беше реализирана од Вербал клубот на МКЦ – Битола  во склоп на проектот Младинска независност на Младински образовен форум. Целта на оваа дебата беше да се увидат разбирањата на младите луѓе за поимот волонтерство, дефинирајќи го волонтерството врз основа на реалната состојба која што не опкружува.
Модератор: Александар Тодоровски
Говорници: Иво Ивановски, Дејан Петровски, Симона Нечевска и Марија Шибевска


Арт перформанс „БОГ“ по сценарио на  Вуди Ален
Перформансот вклучи 15 членови на Арт клубот кои имаа за цел да го претстават заедничкото работење во изминатите неколку месеци преку изразување на индивидуалните уметнички, креативни и актерски вештини кои ги поседуваат членовите. Перформансот беше изработен по текстот од драмата „Бог“ на Вуди Ален, кој за прв пат се одигра во Р. Македонија, а притоа беше прилагоден односно „одомаќинет“ на македонското секојдневие, култура и традиција. Перформансот се реализира во склоп на проектот Младинска независност на Младински образовен форум.


Свечена церемонија за доделување на златен, сребрен и бронзен сертификат за Волонтерски ангажман 2011
Национални волонтерски награди по повод Меѓународниот ден на волонтирањето 5-ти декември.

Концерт на групата „Guess Who?“

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: