Враќање на старата маалска традиција

Младински образовен форум [МОФ] ве поканува на несекојдневен младински настан наречен ,,Стари игри – нова школакој ќе се одржи во петок, 3-ти Септември, со почеток во 12 часот, во Градскиот парк во Скопје (во близина на Фонтаната).

Целта на настанот е да се да се оживее духот на старите маалски игри кои денес се вистинска реткост, да им се даде прилика на постарите да се навратат на игрите од детството а помладите да се запознаат со игрите од маалските улички. Присутните ќе имаат можност да играат: џамлии, граби стапче, плочка, не лути се човече, камај-камај, ластик и ред други игри од минатото.

Самиот настан е организиран во склоп на проектот ,,Локална младинска иницијатива” чија основа цел е стимулирање на социјален ангажман кај младите и нивно делување на локално ниво.

Сподели