Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на второто онлајн издание на ENGAGE Youth- Kонференцијата за социјален активизам кај младите.
На 27 април, во вторник, со почеток во 19:00 часот, на платформата за видео комуникација „Зум“, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, иновација и образование, слобода на говор и култура во нивните локални заедници.
Сите заинтересирани за проследување на настанот може да се регистрираат на линкот –
https://forms.gle/omXWwFEjikxhwgzU7
„Со 6 говорници ENGAGE Youth ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за младинци, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме“, велат од Младинскиот образовен форум и Радио МОФ.
Говорници на конференцијата ќе бидат:
Орхан Багашов, млад иноватор,
|Teма „Бионичка рака – фантазија преточена во дело“
Александра Стојаноска, дел од Сојуз на извидници на Македонија
| Тема: Извидници на интернет – Што има да се истражи онлајн?
Млад знак, Младинско здружение за глуви и наглуви
| Тема: Имаме право на знаковен јазик – предизвици и можности за македонскиот знаковен јазик
Маја Наумовска, Црвен Крст при општина Кисела Вода
| Тема: Играта на зборови може да повреди – акција посветена на онлајн врсничко насилство на волонтерите од Црвен крст
Панде Ефтимов и Камелија Каламерникова, артисти
| Тема: Артивизам на терен – претворање на навредливи пароли во активистичка улична уметност
Теодора Милеска, ХЕРА
| Тема: Пополнување на дупките во формалното образование преку неформална едукација
Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.