Барај
Close this search box.

За нас

Зајакнување на капацитетите на младите веќе од1999 година

МОФ е младинска организација основана во 1999 година. Организацијата е активна на национално ниво, спроведувајќи ги своите програмски активности во повеќе градови во Македонија: Скопје, Теарце, Делчево, Струмица, Штип, Гевгелија, Струга, Битола, Кратово, Тетово, Велес, Маврово-Ростуше, Дебар, Oхрид, Прилеп, Гостивар, Пробиштиш, Кавадарци, Maкедонска Каменица, Свети Николе и Неготино.

Во младинските клубови на МОФ на годишно ниво членуваат повеќе од 2000 млади луѓе, активни во програмските области Дебата, Учиме право, Артивизам и новинарски клубови.

Во рамките на организацијата функционира и првото младинско интернет радио во Македонија, Радио МОФ (www.radiomof.mk).

Историја на МОФ

Започнува програмата Учиме право

Во рамките на Учиме право, МОФ реализира повеќе од 206 посети на државни и локални институции со цел младите да се запознаат со работата на надлежните власти, како и повеќе од 250 симулации на постапки, со цел младите подобро да ги запознаат аспектите на правната држава и судскиот систем во Македонија.

2000 година
2003 година

Скопје опен

МОФ го организира првиот меѓународен дебатен турнир насловен „Скопје Опен“, кој подоцна се преименува во „Македонија Опен“. До денес се организирани 154 дебатни турнири.
 

Студентска програма

МОФ ја основа Студентската програма, подоцна преименувана како програма за Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики. Програмата се јавува како резултат на зголемените активности на МОФ во полето на високото образование – реформа на системот на студентско организирање, заштита на правата на студентите и антикорупција во високото образование. Во рамки на програмата за Истражување, се креирани 68 истражувања, а МОФ има учествувано во 13 процеси за носење или измена на некоја политика на локално и национално ниво.
2006 година
2007 година

Петиција за воведување плурализам во студентското организирање

МОФ спроведува петиција за воведување плурализам во студентското организирање, поднесува претставки до Уставниот суд во врска со монополската позиција на Сојузот на студенти и успева да издејствува измени во Законот за високо образование кој денес го гарантира плурализмот во студентското организирање, повторно злоупотребен од Студентскиот парламент. На петицијата на МОФ се потпишаа 11.000 студенти.

Основано е Радио МОФ

МОФ го лансира првото редакциско интернет радио во Македонија, Радио МОФ. Денес, Радио МОФ има 11 659 250 посети на 46 561 објавена содржина. Во рамки на Радио МОФ се снимаат и епизоди и подкасти, водени од млади ентузаијасти.
2011 година
2011 година

Започнува програмата Младински активизам.

Во рамки на програмата се реализирани над 207 локални и национални акции, предводени од членовите на МОФ. Овие акции биле насочени кон подигање на јавната свест и остварување на некоја промена.

Нашата визија

Младите се активни граѓани во слободно демократско и интегрирано општество во кое имаат квалитетно образование.

Нашата мисија

Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.

Стратешки приоритети на МОФ: