Зачлени се во МОФ дебатен клуб

Што нудиме и како да се зачленам!?

Една од главните активности на Дебатната програма на Младинскиот образовен форум е бесплатната, едногодишна обука за дебата које е наменета за сите средношколци од Македонија кои се заинтересирани за подобрување на своите способности за критичко мислење и аргументирано искажување на ставови. Покрај официјалниот дел од обуката, се одржуваат и многу поврзани дебатни настани (национални и интернационални), како што се дебатни турнири, јавни дебати, семинари и работилници.

Пријави се за дебатната обука на МОФ преку пополнување на еден од овие кратки формулари:

Формулар за Скопје

Формулар за други градови

Што е дебата?

Дебатата е нешто со кое секојдневно се среќаваме и ни е познато на сите. Дебата гледаме на телевизија, во училиштата и на факултетите, во нашите домови. Во училиштата се водат бројни дискусии на различни теми, посебно на часовите по општествените и хуманите науки. На телевизиските програми и на останатите медиуми често сме сведоци на дебати на политички и економски теми, теми од областа на заштитата на животната средина, спортот или културата. Се дебатира дури и во нашите домови или во круговите на пријателите. Дебатите и дискусиите се застапени во секојдневниот живот и во рамките на семејствата, па често се дискутира за износот на „џепарлакот“, за вечерните излегувања, за изборот на училиште, за последиците од конзумирањето алкохолни пијалоци и за многу други теми кои се од интерес на младиот човек и на неговите родители.

Поимот дебата за нас има различно значење од оној  кој што го употребуваме во секојдневните активности. На овие активности со кои се среќаваме секојдневно повеќе прилегаат термините дискусии, расправии, полемики, коментари и слично. Дебатата како едукативен метод и како организирана активност може едноставно да се дефинира како аргументирана и организирана дискусија на одредена теза меѓу две спротивставени страни.

Како изгледа една дебата?

Погледнете ја една од ¼ финалните дебати на Светското Карл Попер дебатно првенство на која дебатира тимот на Македонија против тимот на Литванија. 

Одлична дебата!

Кои се најзначани турнири на кои може да учестуваат дебатерите?

Национално дебатно првенство

Почетнички турнир

Почетничкиот турнир е наменет за сите дебатери почетници кои сакаат да ги тестираат своите способности и знаења стекнати во дебатниот клуб.

На турнирот учествуваат дебатери од сите 14 града каде се спроведува дебатната програма, а се одржува на крајот на првото полугодие.

Национално дебатно првенство

Националното дебатно првенство е најголемиот турнир кој го организира МОФ, а има за цел да ги избере најдобриот тим и говорници на национално ниво, односно македонските претставници на ИДЕА Глобалниот младински форум/Светско Карл Попер дебатно првенство.
Преку 4 квалификациски турнири се избраат најдобрите 16 тимови кои ќе дебатираат на завршниот турнир на Националното дебатно првенство, по 4 тима од секој квалификациски турнир.
На квалификациските турнири и на завршниот турнир на Националното дебатно првенство се дебатира во Карл Попер дебатен формат, а официјален јазик на турнирите е  англискиот јазик.

Ме убеди! Каде да се пријавам?

Пријави се за дебатната обука на МОФ преку пополнување на еден од овие кратки формулари:

Формулар за Скопје

Формулар за останати градови

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: