Учиме право програмата (Street law) и оваа година ги охрабрува и поканува сите заинтересирани средношколци од трета година да се пријават и да земат активно учество во Учиме право клубовите во нивните училишта или во просториите на Младинскиот образовен форум (МОФ).
Што е всушност Учиме право?
Учиме право е програма во рамките на Неформално образование која преку интерактивни методи има за цел да им го доближи правото, демократијата и правниот систем, да ги запознае со нивните права и обврски, како можат да ги остваруваат, но и заштитат кога истите им се загрозени или прекршени. Учиме право програмата ја спроведуваат млади предавачи – студенти и дипломирани правници преку интерактивни методи и неформална комуникација со средношколците и цели преку своите активности да придонесе кон создавање на активни млади граѓани кои ќе придонесат за целокупниот развој на општеството.
Зошто да се пријавам?
– да посетам различни институции и да видам како и што работат;
– да бидам дел од голем број на симулации каде преку глума и игра практично ќе научам многу работи;
– да учествувам на разни обуки, тренинзи, семинари и Летна академија преку Учиме право или МОФ;
– за да разбирам повеќе и полесно што се случува во Република Македонија и во светот кога ќе слушам вести или читам весници;
– да запознаам голем број на врсници од цела Македонија;
– да добијам сертификат за успешно завршена обука, со кој ќе го надоградам моето CV.
Каде и како да се пријавам?
Испрати ни мејл на ucime_pravo@mof.org.mk, или
Побарај не на 02/3 139 692 (локал 105) и разговарај со Димитар, Кристина или Сандра, или
Посети не во МОФ на ул. Дренак бр. 34-А во Кисела Вода