Демократизација на студентското организирање
Период на реализација: 2008 – 2009
Донатор(и): Национален демократски институт
Краток опис на проектот: Проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес: Демократизација на студентското организирање“ Младински образовен форум го спроведува континуирано од 2009 година. Проектот започна со формирање на коалиција од студентски и младински организации кои се залагаат за плурализам и демократизација во студентското организирање. Оваа коалиција моментално брои 17 организации кои заеднички ги спроведуваа досегашните активности.
Проектните активности вклучуваат: комуникација со засегнати страни и донесувачи на одлуки, тренинзи за членовите на коалицијата и градење на нивни капацитети, трибини и конференции за потребата од донесување на „Закон за студентско организирање“, како и јавни настани насочени кон студентите.
Во 2011 година, Платформата за студентски плурализам спроведе и истражување на тема „Перцепција на студентите за моменталното студентско организирање“ кое се спроведе на 5 универзитети и тоа: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски„-Битола, Државниот Тетовски Универзитет, Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово, каде резултатите покажаа дека на студентите им е потребен плуралистички систем на организирање и повеќе можности за активирање.
Повеќе информации за Платформата за студентски плурализам и нејзините активности можете да најдете на нејзината facebook страница www.facebook.com/psp.macedonia