Барај
Close this search box.

„Залагање за акција“ – Промоција на прирачник и дискусија

Младински образовен форум (МОФ) и Фондација ИДЕА Југоисточна Европа, на 27ми мај (вторник), 12:00 часот во ГЕМ (Менада, Стара Чаршија) организираат настан посветен на застапувањето, активизмот и залагањето за акција. Целта на овој граѓански собир е да сподели теоретски и практични знаења и искуства во делот на остварување промени за подобрување на животот на заедниците.

На настанот ќе биде промовирана публикацијата “Залагање за акција”, што претставува прирачник за застапување, залагање и делување предводено од млади лица. Намената на овој прирачник е да биде водич за младите луѓе кои размислуваат да го прифатат предизвикот наречен “залагање за промена”, во име на своите врсници и нивните заедници.

Публикацијата е оригинално издадена од IDEBATE Press, а ИДЕА ЈИЕ и МОФ обезбедија превод, адаптација и печатење на изданието на македонски јазик.

Промоцијата на публикацијата “Залагање за акција” ќе биде придружена со дискусија, според следната агенда:

  • 12:00 – 12:20 Презентација на изданието “Залагање за акција”
    (Марјан Стојнев, ИДЕА ЈИЕ)
  • 12:20 – 12:30 Што е застапување (залагање за промена)?
    (Марјан Забрчанец, МОФ)
  • 12:30 – 12:40 Како застапувањето ги подобрува демократиите?
    (Michael Stievater, USAID Macedonia)
  • 12:40 – 12:50 Фото глас – индивидуално и здружено залагање за локална промена
    (Никола Писарев, Центар за современи уметности)
  • 12:50 – 13:10 Публика/Дискусија
  • 13:10 – 13:20 Презентација на кратки едукативни видеа
    (Што е соопштение за медиуми? Како се организира настан?)
  • 13:20 – 13:30 Што научивме од акцијата “Стоп за ограничувањето на правото на абортус”?
    (Драшко Костовски, Х.Е.Р.А.)
  • 13:30 – 13:40 Што научивме од акцијата “Да го оживееме Спортски”?
    (Бобан Костадиновски, МОФ Тетово)
  • 13:40 – 13:50 Што научивме од активизмот во иницијативите “Стоп за полициска бруталност” и “Операција Студентски дом”
    (Стефан Алексиќ, Радио МОФ)
  • 13:50 – 14:00 Презентација на иницијативата за вклучување на општествената работа во наставните програми за средно образование и воспоставување на Центри за советување и кариерно насочување
    (Ениса Бајрами, Liberal Alternative Institute)
  • 14:00 – 14:20 Публика/Дискусија

Настанот и печатењето на публикацијата е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: