Осумдесетина учесници во понеделникот, на 25ти август пристигнаа во научно наставната шума „ Михајлово“ за да ја бидат дел од шестата МОФ Летната академија 2014. Шестдневната програмата вклучува голем број панел дискусии и работилници за креативно помагање на заедницата, дебата и младински права како слобода на здружување, младинско учество, култура на дијалог, истражување за младински теми, креативен активизам и примери на активзам во Македонија.

Учесниците на академијата ќе следат три предавања и работилници во три различни траки: Дебата, Учиме право и Креативно помагање на заедницата.Покрај тренерите на Младински образовен форум, на академијата пристигнаа и повеќе гостински предавачи меѓу кои уметницата Инес Ефремова која говореше на тема „Уметност на заедницата“, Томе Шекерџиев од ОБСЕ предаваше за говорот на омраза и неговото, додека Милан Диневски и Дамјан Кокалевски го најавија почетокот на „Creative Hub Skopje“ и ја истакнаа потребата од креативно изразување на јавните простори. За утре е најавена панел дискусија на тема „Од маргините до фокусот: Младите и нивните потреби“, на која ќе говорат: Никола Писарев (ЦАЦ), Антонио Михајлов (Субверзивен Фронт), Велимир Савевски (ХЕРА), претставници од иницијативата „Операција: Студентски Дом“ и Наташа Георгиевска (Креативна младинска акција – Студентско списание Излез), Aлександар Матовски (Јас сум Цако) и Кристина Митрова (Советодавен сервис за права на млади, МОФ).

Во продолжение погледнете како си поминуваат учесниците на МОФ Летната академија 2014.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: