Debate@Europe е едукативен, дебатен проект за сите млади од Европа кој го спроведува Младински образовен форум во партнерство со International Debate Education Association London, International Debate Education Association Netherlands, Eesti Väitlusselts(Естонија),Slovenská debatná asociácia(Словачка) and ARDOR(Романија).
Ученици од Македонија, Холандија, Романија, Словачка и Англија ќе дебатираат меѓусебно за Европските прашањa.
Проектот стартуваше на 25ти Март со лансирање на промотивното видео подготвено од Петар Антевски, член и дебатер на Младински образовен форум.
Во текот на 2012 година проектот ќе им овозможи на младите да дебатираат и да се натпреваруваат on-line за проблемите кои ја засегаат Европската заедница. Дебатите ќе се одржуваат преку специјално дизајнираната интернет-платфомата за видео дебатирање во рамките на онлајн дебатното првенство “Debate@Europe” во кое учестуваат сите партнерски организации.
Онлајн дебатното првенство има две натпреварувачи компоненти, една за средношколци која вклучува 8 тима и една за студенти која вклучува 2 тима од секоја држава во текот на еден месец. Секоја дебата трае една недела, а секој говорник има 24 часа да го аплоудува неговиот/нејзиниот говор на , http://vbate.idebate.org/. Правилата на учество на он-лајн дебатното првенство дозволуваат еден дебатер да учествува во повеќе тимови и рунди.
Младински образовен форум ќе обезбеди учество на завршната конференција на проектот за 5те најдобри говорници која ќе се одржи во Амстердам, Холандија.
Пријавувањето за македонски дебатери за првата рунда се прави со пополнување на следнава онлајн апликација.
Организацискиот тим на Debate@Europe ќе ги контактира сите избрани дебатери и ќе ги извести за дополнителни детали околу тезата и форматот на дебатирање и начинот на избор на најдобрите 5 говорници од Македонија кои ќе учестуваат на завршаната конференција во Амстердам.