Овој викенд Младинскиот образовен форум (МОФ) започна со средбите на Дебатната програма. Имавме прилика да се запознаеме со амбициозни млади луѓе од различни локации низ државата кои се на почетокот на својата дебатерска кариера.
Првото запознавање на групите со предавачите во Скопје се реализираше во просториите на МОФ, а во другите градови во соодветниот Младински центар или на дигитални платформи според потребите.
Наредните предавањата ќе се одржуваат онлајн. Дебатната програма во Скопје функционира во четири термини и тоа:
Сабота 12:00 и 14:00ч
Недела 12:00ч и 14:00ч.
Повикот за нови членови е сè уште отворен и може да да го најдете на следниот линк. За прашања и информации обратете се на: kristina_peeva@mof.org.mk