На 23ти февруари 2019 во Кино Култура започна Школата за претприемништво „Од идеја до стартап“. Школата започна со интензивен викенд тренинг на кој учесниците имаа можност да се запознаат со основите од голем дел од темите кои ќе ги изучуваат за време на школата, да ги презентираат своите првични идеи и да се запознаат меѓусебно. Тренери беа Теодора Николовска и Игор Изотов, со поддршка од главниот тренер на школата – Игор Маџов. Школата е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).