Започна студиската посета во Европската престолнина на млади за 2014 – Солун

Вчера, на 30 јуни во Скопје, започна студиската посета на 60-тина млади од 12 општини кои во тек на наредните шест  дена ќе се запознаат со младински организации, иницијативи, локални и национални младински совети во Скопје, Куманово и Солун. Студиската посета е дел од иницијативата за основање на младински совети преку која младите ќе се запознаат со успешни приказни на совети кои постојат и ќе разменат искуства со различни младински организации. Овој повеќедневен настан е дел од проектот „Развој на локални младински политки и локално младинско учество во 12 општини“ поддржан од Европската Унија, а имплементиран од Младински образовен форум и Центар за интеркултурен дијалог.

Посетата започна вчера во Скопје во ЕУ Инфо Центарот со презентација на успешната приказна на неформално младинско здружување „Република Млади“, на која се дискутираше за почетоците и развивањето на оваа платформа и активностите кои беа превземени за повлекување на предлог законот за млади.

Младите кои се дел од локалните иницијативи од 12 општини (Центар, Чаир, Велес, Тетово, Липково, Дебар, Кичево, Битола, Струга, Кратово, Неготино и Делчево) денес во општинската сала во Куманово се дел од работилници и презентации на Националниот младински совет и Локалниот младински совет во Куманово.

По сесиите во Скопје и Куманово, оваа група на млади луѓе на 1 јули се упатува во Солун, кој оваа година е прогласен за европска престолнина на младите, каде ќе се запознаат со различни организации од Грција и Солун како UNESCO Youth Club Thessaloniki, Youth Net Hellas, Ergani Centar, локални младински совети и организации дел од Националниот младински совет на Грција.

По оваа посета, ќе следи процес на проширување на иницијативата и повик за основање на младински инцијативни одбори за основање на младиски совети. Целта на оваа посета е младите кои се дел од иницијативата да се стекнат со искуства и знаења за младинско организирање и здружување, кои ќе можат да ги искористат како позитивни примери во нивните идни активности за основање на овие совети.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (Регионална ИПА програма).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: