Започнува пријавувањето за обуки по дебата за средношколци од Скопје

НАУЧИ аргументирано да говориш, да ги браниш сопствените ставови, да знаеш да го слушаш соговорникот. ПОБЕДИ ја тремата при јавни настапи, УЧЕСТВУВАЈ во дебатни натпревари.

ПРИЈАВИ СЕ за член во еден од дебатните клубови на Младински образовен форум (МОФ).

Предавањата и вежбите ги водат сертифицирани по ДЕБАТА, а во рамките на годишната програма предвидени се бројни домашни и меѓународни дебатни обуки и натпреварувања.

Членувањето во клубовите е бесплатно и е отворено за ученици од средните училишта во Скопје. 

Предавањата започнуваат на 16ти и 17ти Октомври.

Одбери термин кој ти одговара и вклучи се во дебатното друштво. Апликацијата можеш да ја најдеш на следниов линк http://mof.org.mk/index.php?sodr=debata

Повеќе информации на debata@mof.org.mk

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: