Текстот е објавен на страницата на ИДЕА – НЛ.
Меѓународната дебатна образовна асоцијација (International Debate Education Association) – IDEA, ја прослави својата 15-годишнина во ноември 2014. За овие петнаесет години, организацијата соработуваше со различни партнери, донатори и домаќини на своите настани, но најважно – со своите организации членки. Затоа, би сакале да ја искористиме оваа можност да ги претставиме нашите организации членки, и да им се заблагодариме за нивниот продонес. Запознајте се со Младински образовен форум (Youth Educational Forum (YEF)), нашата организација членка од Македонија.
МОФ во Македонија има 473 членови во 14 различни дебатни клубови, кои се вклучени во Дебатната програма која го следи курикулумот за почетници и напредно-ниво на дебатери средношколци и напредно-ниво за студенти. Програмите на МОФ се насочени кон промоција на критичко мислење, поттикнување на толеранција и почит за различните идеи и мислења, промоција на правото и демократијата, и развој на квалитетно и транспарентно високо образование.
Дебатната програма има организирано над 20 различни дебатни настани минатата година, вклучувајќи национални и интернационални студентски дебатни турнири, средношколски дебатни турнири, јавни дебати, тренинзи и јавни гледања и дискусии за дебати. Најголемиот и најважен настан во годината беше Националното дебатно првенство за средношколци 2014.
Во моментов, има голем број теми кои се популарни во Македонија, како за пример: измени во образованието, ЛГБТ права, право на абортус, уставни измени, граѓанско општество, граѓански и политички слободи, односи со сосдите и ЕУ.
Во следните 5 години, МОФ ќе цели да го продолжи успешното градење на младинска заедница која креира простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање и да поттикне активизам и промоција на младински политики.
Ако сакате да дознаете повеќе за МОФ или другите организации членки на IDEA – NL, погледнете го видеото подолу: