Младински образовен форум – Тетово, на 26.12.2018 година, со почеток од 19:00 часот организира јавен настан посветен на загадувањето на воздухот. Настанот ќе се реализира во кафулето Викториан (ул. Димо Гравровски Кара, во улица кај кафулињата).
– Настанот ќе започне со презентација на реализираните активности и успеси на клубовите Медиа/Арт, Дебата и Учиме право во изминатава година.
– Во вториот дел од настанот ќе се провозира краток видео запис посветен на загадувањето на воздухот, а кој претходно е изработен од страна на членовите на Медиа/Арт клубот од Тетово, како претходница на јавната акција за интервенција на три јавни паркови во Тетово.
– Членовите на Медиа/Арт клубот ќе објаснат за изработка на техниката фанзини и ќе се поделат изработени фанзини на тема загадување на воздух на присутните членови.
– Во рамките на настанот ќе говори Др. Ратко Димитриевски кој што ќе зборува за штетните последици од загаденоста на воздухот и мерки за заштита.
– На крајот ќе се организира Паб Квиз во кој што ќе учествуваат повеќе тимови.
Сите млади тетовчани и тетовчанки кои сакаат да бидат учесници на паб квизот, претходно нека го пријавуваат нивниот тим кај локалниот координатор на МОФ – Тетово, Бобан Костадиновски.
„Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество- Македонија.“