Барај
Close this search box.

Завршен настан на почетниот Учиме право клуб во Тетово – Симулација на судење

На 16.06.2018 година со почеток во 12:00 часот во големата сала за состаноци на Советот на општина Тетово се одржа завршниот настан за почетниот Учиме право клуб од Тетово за оваа учебна година – симулација на судење во кривична постапка. Оваа симулација беше подготвена и реализирана од страна на членовите на почетниот Учиме право клуб во Тетово, под менторство на нивните предавачи Биљана Павлоска и Стевица Младеновски. Тие се ставија во улога на судии, адвокати, обвинети, оштетени и вештаци и на практичен начин ги демонстрираа стекнатите знаења и вештини од областа на казненото право и кривичната постапка кои беа изучувани во текот на второто полугодие од учебната година, предвидени во годишниот курикулум на програмата Учиме право. Случајот опфати кривични дела поврзани со нанесување телесни повреди и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Младите Тетовчани со голема прецизност и умерена доза на театралност одлично ги доловија сите фази на постапката и особено главната расправа. Голема благодарност и честитки до сите учесници во симулацијата, како и до предавачите и локалниот координатор за одлично спроведената симулација на судење.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: