Тимот на МОФ во соработка со „Europe House“ денес го спроведе финалето на „ЕвроКвизија“.
Натпреварот се состоеше од полуфинале, кое се одржа минатата среда, а денес најдобрите 20 учесници кои го поминаа првиот круг се натпреваруваа за три главни награди.
Во квизот учествуваа над 50 средношколци од целата држава, а целта на настанот беше младите да се запознаат со Европската унија и нејзините институции.
Во полуфиналето младите одговараа 20 прашања, а во финалето 12 прашања кои ја опфатија работата на Европската унија и нејзините институции.
Заедно со тимот на МОФ беше и Евроамбасадорот Дејвид Гир.
Додека квизаџиите се натпреваруваа, имавме можност да отвориме дискусија со Евроамбасадорот за работатата на Европската Унија и неговата работа во Северна Македонија.
Амбасадорот исто така имаше можност да одговори неколку од прашањата кои беа вклучени во полу финалето, а да беше еден од учесниците, секако ќе беше еден од финалистите.
Во живо следете го финалето на натпреварот Евроквизија.
20 финалисти – средношколци од ќе се натпреваруваат за првите три места на турнирот.Posted by Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF on Wednesday, March 10, 2021
Активноста е организирана во соработка со Europe House, поддржана од Европската Унија.