„Здружена младина за посветла иднина!“ Настан на младите во Кичево

Во сабота, на 14ти февруари со почеток во 12 часот во центарот на Кичево  на градскиот плоштад ќе се оджи младинскиот настан „Здружена младина за посветла иднина!” под мотото „Не ти треба Wi-Fi, вклучи се!“

Оваа акција е организирана од Иницијативниот одбор за Локален младински совет во Кичево и е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики во 12 општини”  на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

Младите во Кичево имаат заеднички интереси и делат заеднчки проблеми. Целта на заедничкот перформанс на младинските здруженија дел од Иницијативниот одбор за основање на Младински совет во Кичево е да им покаже на младите дека има многу организации и активности кои заедно можат да им понудат квалитетен живот на младите, но и да ја демонстрираат моќта од младинското здружување.

Исто така, здружени, да им испратат порака и на локалните институции дека гласот на младите е важен  дека треба да се вклучат во донесување на одлуки бидејќи се заинтересирани да придонесат кој развој на општината во согласност со потребите на младите.

Дојдете за заедно да ја креираме општина Кичево онаква каква што и ние сметаме дека треба да биде, каде што нашите идеи и мислења ќе бидат директно и секојдневно застапувани.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: